(ВИДЕО) Томовски: Собрание се 845 идеи од граѓани и истите ќе бидат преточени во буџетски проекти за реализација за 2023 година

Од:

Во текот на изминатиов викенд, градоначалниците од ВМРО-ДПМНЕ, заедно со нивните стручни тимови беа дел од проектот „Биди дел од промените што носат иднина”. Тие, ги отворија вратите на општините за граѓаните, кои во огромен број дојдоа и дадоа допринос за креирање на општинските буџети. Како резултат на исцрпни разговори, со илјадници граѓани ширум Македонија, во сите општини каде градоначалниците се од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, собрани се над 800 идеи за проекти, или поточно 845 идеи кои ќе бидат разгледани и добар дел преточени во буџетски проекти, и за истите ќе бидат предвидени средства за нивна реализација, изјави Ивица Томовски, член на Централниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ.

– Можноста граѓаните да предлагаат проекти, продолжува се до недела, и тоа можат да го сторат преку страната budzet.mk, а акцијата ќе ја завршиме со отворените денови во сабота и недела, односно 10 и 11 декември во сите општини. Од јануари до декември 2023 година, оние проекти кои ќе бидат прифатени и за кои ќе има финансиска сила и можности ќе се реализираат!

Следува година на изградба на училишни и културни сали, училишта, градинки, улици, водоводни и канализациони системи, паркови и обнова на веќе постоечки инфраструктурни објекти. Оваа акција ја спроведовме за заедно со граѓаните, да го трасираме патот за развој на секое населено место. Само граѓаните кои живеат во населените места ширум државата, знаат што е најпотребно за нивната непосредна околина. Затоа нема повеќе луѓе во кабинети да одлучуваат како ќе се трошат нивните пари, туку тие самите.

ВМРО-ДПМНЕ спроведува нов принцип на работа. Овој нов принцип на работа, на отвореност, отчетност и транспарентност изминатите 365 дена ја промени сликата во многу општини, и тоа ќе продолжи и во иднина. А ваквиот начин на работа, ќе биде одлика и на идната влада – рече Томовски.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Томовски: Пакетот на мерки на владата е поткуп пред избори со кои го потценуваат народот

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Томовски: Со ВМРО-ДПМНЕ над 300.000 пензионери ќе добијат по 5.000 денари покачување на пензиите

Директорот на штаб на ДПМНЕ „награден“ со 18,5 милиони за две години тврди Левица

Катерина Ѓуровски

Томовски: Спасовски да си поднесе оставка поради акутната неспособност и парализирањето на системот

(ВИДЕО) Томовски: Директорите на ЕСМ и МЕПСО се наградени со 1.700 евра плата месечно

(ВИДЕО) Томовски: Директорите во М-НАВ ја чинат државата над 630.000 евра за еден мандат