(ВИДЕО) Тимоние: Минатиот петок не се случи европска Хирошима

Од:

Европска перпектива за Македонија постои и таа ќе биде прецизирана во наредните месеци , рече на денешната прес конференција амбасадорот на Франција, Кристијан Тимоние. Според него минатиот петок не се случила европска хирошима туку инцидент.

„Еден ден на Черчил му рекле дека прави историска грешка, но тој одговорил дека ние ја пишуваме историјата. Во контекст на тоа ние сме тие што ја пишуваат историјата и таа е во тек а минатиот петок не се случи европска Хирошима туку попатен инцидент кој предизвика сериозни последици тука, кои ги разбираме но тоа воопшто не значи крај на вашиот европски пат. Оваа одлука на Франција од минатиот петок не значи крај на вашата европска перспектива. Правниот политичкиот пат продолжува а Франција има јасна визија за тоа како ќе тешат натамошните европски интеграции. Во таа визија Македонија го има своето место“, рече Тимоние.

Би можело да ве интересира

Милановиќ: ЕУ не е држава, а нејзина надворешна политика не постои

А1он

Пирц Мусар: Проширувањето на ЕУ кон Западен Балкан претставува стратешка инвестиција во мирот

А1он

„Ханделсблат“: Потпирањето на Киев врз помошта од ЕУ нема да го спречи мирот под условите на Русија

ЕУ: Украина напредува кон членство во ЕУ и покрај војната

(ВИДЕО) Мицкоски: Подобар извештај од ЕК, нема констатации за назадување – остануваат политичките услови за ЕУ

Горан Наумовски

Каја Калас: Пакетот за проширување испраќа јасна порака – реформите даваат резултати