(ВИДЕО) „Тестирање ситуација“ – метод за докажување на дискриминацијата

Од:

Во организација на Мисијата на ОБСЕ во Скопје, Хелсиншкиот комитет и Фондацијата Отворено Општество Македонија беше презентирана публикацијата „Тестирање ситуација“ – метод со кој се докажува дискриминацијата.

Тестирањето ситуација претставува метод што се користи во случаи на дискриминација во кои недостигаат факти и докази и е тешко да се докаже. Тестирањето ситуација вклучува употреба на организирани актери или апликанти за да се истражи појавата на дискриминација во различни предмети, процеси и области по различни основи.

Тој е особено соодветен за случаи на директна дискриминација, што е често скриена зад разни изговори и тестирање права што се веќе содржани во законодавството и меѓународните стандарди. Моделот на индивидуална правда е често несоодветен за докажување на структурна и институционална дискриминација и тестирањето ситуација овозможува дискриминацијата да биде полесно разоткриена и докажана во овие случаи, рече извршниот директор на Хелсиншкиот комитет за човекови права, Уранија Пировска.

Според неа, спроведени биле две тестирања на ситуации за да се дојде до докази – тестирањето содржи организирани акции, организирана ситуација во различни предмети-едното било да се утврди дали има дискриминација на Ромите на граничните премини, а второто за диксриминација во градинките на децата со интелектуална попреченост. И за двата случаи најави победување постапка зашто се утврдило дека има дискриминација.

Јоана Косма, вршител на должност на Одделот човекова димензија при мисијата на ОБСЕ во Скопје рече дека со иницијатива и здружени напори можат да се постигнат позитивни резултати во иднината.

-ОБСЕ поддржува различни активности, со цел да се справат со различните проблеми со дискриминација во оваа држава. Во вој проект обезбедивме поодрршка со цел да се зголемат капацитетите за идентификување, одговор и реакција на феноменот дискриминација. Ние го воведовме методот на тестирање на ситуација за докажување на дискриминацијата. Да се докаже во судовите дека дошло до дискриминација е предизвик, бидејќи во пооглем број случаи доказите не се јасни. Поради тоа овој метод овозможува докази пред различни институции како судот на правдата во Стразбур, рече Косма.

Според неа, во иднина методите ќе се искористат пред судовите, а методот може да се користи и за подигнување на свеста и за лобирање да се измени судското законодавство.

Нада Чаловска, автор на публикацијата посочи за конкретните тестирања што биле извршени во Македонија.

-Постојат два вида тестирање, едното е лично, другото е телефонско кое се применува во ситуации кога постојат наоди за дискриминација. Ние го спроведовме тестирањето на ситација со градинките во Македонија, постојат индиции за дискримнација кон децата со интелектуална попреченост. За да го тестираме ова, да видиме дали има дискриминација, го спроведовме и во јавните и приватните градинки, рече Чаловска.

Би можело да ве интересира

Хелсиншки комитет: Институциите мора да ги заштитат осудениците во висок ризик

Ана Ололовска

„На образованието му треба сериозно проветрување од насилници“

Ана Ололовска

Хелсиншки комитет: Инсистираме на објективна и навремена истрага и одговорност за трагедијата во тетовската болница

Ана Ололовска

Хелсиншки комитет за човекови права: КСЗД утврди – Мото клубот Пелистер врши директна дискриминација

Ана Ололовска

Анализа: Пандемијата ја продлабочи нееднаквоста на лицата со попреченост

Ана Ололовска

Хелсиншки комитет за човекови права: Годишен извештај за криминалот од омраза во 2020, регистрирани 104 вакви инциденти

Ана Ололовска