(ВИДЕО) Таткото на загинатиот Андреј Стојанов: Адвокатите на обвинетите сакаат нас тотално да не уништат

Од:

На самиот старт на денешното рочиште за трагедијата во „Пулс“, наидуваме на еден голем скептицизам и разработена шема на адвокати и на обвинети кои манипулираат на разни можни начини нашата болка уште повеќе да ја зголемат, вели таткото на починатиот Андреј Стојанов, еден од шеесетината жртви во дискотеката „Пулс“.

– Ме чуди со кое лице адвокатите на обвинетите ќе се ситат, ќе земат крвави пари и со гордост велат дека ова судско рочиште ќе трае 15-20 години. Oва според нас е еден од најважните испити на државата, бидејќи како минува времето нас не ставаат на страната на заборавот. Познати адвокати, бранители на обвинетите сакаат нас тотално да не уништат, нека им служи на чест тоа, изјави Стојанов.

Би можело да ве интересира

Вештак на судењето за „Пулс“: Документацијата за дискотеката била делумна и немала правна важност

Братот на престседателката на Кривичен суд меѓу новообвинетите за „Пулс“

Заврши сослушувањето на вештакот Русески за „Пулс“, остана на ставот дека немало реконструкција на објектот

Средба на министерот Клековски со повредени од пожарот во „Пулс“

Семејствата на жртвите од „Пулс“ в среда на марш: Придружете ни се, дајте ни поддршка

Катерина Ѓуровски

Левица: Деко го дочекува крајот на притворот, а судењето уште долго ќе трае