(ВИДЕО) Тасевска: Инвестираме во детската заштита, за седум месеци отворени 11 објекти на детски градинки

Од:

„Владата предводена од СДСМ и ресорното Министерство за труд и социјална политика постојано вложуваат во детската заштита и во нови објекти на детски градинки.

За помалку од осум месеци, од септември 2020 година па до денеска, низ државата отворени се 11 детски градинки.

Куманово, Гостивар, Ресен, Гевгелија, Сарај, Брвеница, Илинден, Боговиње, Лозово, Новаци и Босилово се општините кои во овој период добија нови детски градинки, а вкупниот капацитет на овие нови објекти е 670 деца“, рече Лидија Тасевска, пратеничка на СДСМ.

„Според предвидената динамика, до крајот на годината треба да бидат адаптирани, доградени или целосно изградени уште 13 детски градинки со вкупен опфат на 1.408 дечиња.

Струмица, Гази Баба, Ѓорче Петров, Кисела Вода, Кочани, Неготино се дел од општините кои до крајот на оваа година ќе добијат нови детски градинки.

И во време на пандемија продолжува реализацијата на капиталните проекти ширум државата.

Владата предводена од СДСМ и премиерот Зоран Заев е силно посветена на зголемување на капацитетот на детските градинки како во урбаните, така и во руралните општини.

Унапредување на детската заштита, унапредување на условите во градинките и инвестициите во човечкиот капитал се врвните приоритети од кои се води СДСМ.

Како одговорна партија, остануваме посветени на реализација на мерките и политиките што значат раст и развој и обезбедуваат подобри услови за живот на сите граѓани“, изјави Лидија Тасевска, пратеничка на СДСМ.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Лукаревска: Вториот ребаланс не носи ниту економски развој, ниту подобар животен стандард за граѓаните

Петрушевски: Филипче и СДС не беа вака гласни кога од Венецуела се влеваа 110 милиони евра во Еуростандард

СДСМ: Славески призна дека Мицкоски одлучил за влезот на Алта банка, бараме итна истрага

Кузеска: Во ист ден имаме две признанија пред јавноста кој ја донесе Алта банка, обвинителот Савески има обврска да реагира

Предраг Петровиќ

Петрушевски: Филипче и партнерите од СДС треба да одговараат кривично за саботажа на банкарскиот систем во државата

СДСМ: Каков мандат, таков извештај – катастрофата на Мицкоски потврдена од Брисел