Претседателката на Транспаренси интернешнал – Скопје, Слаѓана Тасева, денеска со кратка изјава реагираше на обвинувањата во отвореното писмо на синдикалниот одбор на „Фени Индустри“, каде се вели дека Тасева се нудела како правен претставник и помагател на една од компаниите кои се вклуени во процесот на стечај за надомест од 50.000 евра.
„Мислам дека ме потцениле, јас заработувам многу повеќе, не од овој случај, од многу други“, рече Тасева.
Инаку, од синдикалниот одбор на „Фени Индустри“ во отворенот писмо побараа Тасева да се откаже од застапување на интересите на „Кунико Ресурсис“ и од ревизија на стечајната постапка, бидејќи сега тие земаат редовно плата во комбинатот, притоа потенцирајќи дека не им е потребна нејзината помош.