Студентите станари на Студентскиот дом „Гоце Делчев“, од иницијативата Операција „Студентски дом“, револтирани што на медиумите им е забрането да влезат во просториите на домот, снимија видео за тоа како изгледа бањата.
„Навидум нормално туширање. 16 соби на спрат, по двајца студенти во соба. Овде се тушираат сите, зошто туш кабината на другиот крај од ходникот, нели, не работи. Оваа туш кабина е во добра состојба и е функционална. Што не е во ред?“, напишале на својата фејсбук страница.