(ВИДЕО) СДММ: Груевски и Иванов нека поминат една ноќ во „Стив Наумов“

Од:

„Се наоѓаме пред студентскиот дом „Стив Наумов“. Тој студентски дом пред којшто се сликаше Груевски, дека е реновиран.

Еве колку е реновиран.

Stiv Naumov 5

Небезбедни услови за живот, испукани ѕидови и подови, полни со лебарки, скршени прозорци, тоалети со испукани цевки, паднати и расипани тушеви, менза од којашто ужасната дијареа е секојдневие…

Stiv Naumov 4

Собите во коишто учат студентите се полни со влага. Од прозорците што не се искршени, дува од сите страни. На креветите едвај се спие“, рече на денешната прес-конференција Елвир Шавановиќ, член на ИО на ЛК СДММ Центар.

„Стотици млади овде живеат во овие мизерни услови.

Зошто има пари за Панорамско тркало, а нема за целосна реконструкција на студентскиот дом Стив Наумов?

Зошто милионски споменици, фонтани, галии и палми се поголем приоритет од мизерниот студентски живот овде?

Stiv Naumov 1

Зошто, знаете само вие од власта.

Ние велиме, еве, затоа, младите ја напуштаат Македонија.

Илузии се развиената економија за којашто ни говори Иванов и супер условите за студирање што ги наведува студентскиот лидер Кирил Спироски.

Stiv Naumov 3

СДММ бара итна пренамена на парите за камен, кон животот на младите.

За почеток, Иванов, Груевски, Спиро Ристовски, нека дојдат да поминат една ноќ во студенсткиот дом Стив Наумов“, изјави Елвир Шавановиќ, член на ИО на ЛК СДММ Центар.                                                    .

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Вреќи со гипс паѓаат од студентскиот дом „Гоце Делчев“

Ана Ололовска

ФОТО: Се урна дел од покрив во „Гоце Делчев“ – „студентскиот дом од пеколот“

Ана Ололовска

ВИДЕО: Студентите објавија нови снимки од „пеколниот“ студентски дом

Ана Ололовска

Тендер за реконструкција на првиот блок на студентскиот дом „Гоце Делчев“

Ана Ололовска

France24: Затвор? Не, студентски дом во Македонија

Ана Ололовска

СДММ: Дали се среќа напуштањата на Македонија?

Ана Ололовска