ВИДЕО: Страшни глетки, пискотници, кршевме прозорец за да извлекуваме – сведоштво на младиот Јован

Од:

19-годишниот Јован Костадинов која за време на пожарот во дискотеката Пулс во Кочани бил меѓу најктивните во извлекувањето луѓе од запалениот објект сведочи за тоа како изгледало во моментите кога тој и другите кои извлекувале се соочиле со огнот, но и со сите речки кои биле пред нив пред се поради лошите услови во кабарето, но и поради заглавениот излез на кој имало многу луѓе.

– Од внатре се слушаа само пискотници од девојки. Јас зедов една маса, го скршив прозорот и со цревото прскавме вода внатре, тие пискаа. Ги прскав со вода едно две-три минути. После јас го зедов цревото, се измокрив, а тие останаа уште да ги прскаат. Јас отидов на главниот влез, ама таму беа многу заглавени и немаше можност да влезеш. Влегов во таа соба, таму имаше четири или пет луѓе, вратата беше заглавена од луѓето што беа натрупани, ја скршивме вратата и почнавме да ги вадиме ден по еден, тие што беа најгоре сите врескаа, беа изгорени, имаше и онесвестени. Уште тогаш на почетокот и додека имаше свесни луѓе и додека беа сите идеше побрзо, тие што ги вадиш сами излегуваа надвор пред диското, ама потоа почнаа да се извлекуваат само онесвестени, почнаа само изгорени целите и едноставно ти мора да го изнесеш до пред надвор до пред диското на безбедно, вели Јован.

На почетокот ги изнесувале тие што биле свесни и им одело полесно, потоа ги излекувале повредените што биле без свест или паднати кај влезот на дискотеката. Сепка, по извесен период и на Јован му станалао лошо поради вдишувањето чад.

– Јас после тоа се освежив малку таму, имаше многу девојчиња што лежеа и една девојка лежеше на страна, знам и се тресеше и некој рече кој знае да помогне си го проголтала јазикот. И јас земав, фатив, и го потегнав јазикот, ама јас не сум го правел тоа, не знам како. После стигнаа докторки, и помогнаа, ја измија, ја качија во една кола. Ми беше многу лошо, очите ме печеја и ми се вртеше свест. Ме качија во една кола, во колата имаше уште двајца со мене, свесни, зигорени, јас им ги држев главите право, да не си го голтнат јазикот. Во болницата кога ги однесовме директно им ставија кислород, проверија дали имаат пулс. Таму во болницата беше хаос, вели Јован.

Јован помина неколку дена на Клиниката за токсиколигија, по што беше пуштен дома. За херојското дело што го направи, добие признанија од сите страни и степендија за студирање.

Би можело да ве интересира

Support Kocani: Денес пристигна и беше донирана втората пратка компресивна облека на Општата болница во Кочани

Горан Наумовски

(ВИДЕО) СДСМ поднесе амандман за трагедијата во Кочани, 934 милиони денари помош за настраданите

Горан Наумовски

Ивона умре сама, без помош, без човечност, ја најдовме оставена во болницата – семејството Антови за ќерката која настрада во „Пулс“

Катерина Ѓуровски

ЗНМ: Апелите од Министерството за здравство се на граница на цензура

Преку Support Kocani набавена и втора пратка компресивна облека за 17 повредени во „Пулс“

Катерина Ѓуровски

Медиумите да не ги снимаат и да не земаат изјави од повредените во Кочани, бара Министерството за здравство