(ВИДЕО) Стојаноски: Милиони се испумпани со фиктивни фактури, раководството на УЈП или знаело и прикривало или целосно го уништило системот

Од:

Систем од компании подолг период црпеле пари по основ на поврат на ДДВ со фиктивни фактури и го оштетиле Буџетот за милиони. Во мрежата од компании кои испумпале милиони често се менувале одговорни лица и сопственици. Во поголем број од случаите истите се лица кои што се од наши соседни земји и кои тешко се лоцираат. Буџетот е оштетен, а државата тешко без кривично гонење ќе може да ги поврати исплатените милиони, бидејќи компаниите преку кои се штанцани фиктивните фактури и се испупмани пари немаат имот за од истиот да се наплати долгот, изјави Бојан Стојаноски, пратеник од ВМРО-ДПМНЕ.

– Со жалење констатираме дека системот на контролен механизам во институциите е нефункционален, а тоа го потврдуваат случаите минатата година процесуирани од обвинителство за фиктивно фактурирање и злоупотреба на службена положба. Криминалните мрежи преку фиктивна документација како и фиктивни фактури и фиктивна евиденција, го исцрпуваат даночниот потенцијал од Буџетот, а сведоци сме дека државните институции кои се задолжени да го контролираат истото изминатите години немаат преземено никакви мерки.

Симптоматично е и тоа што до сега не се преземени дејствија со кои ваквите случаи ќе бидат спречени и условите за вакви криминални дејства ќе се доведат на минимум, а не сега кога веќе се испумпани милиони по основ на поврат на данок од Буџетот со контролите да се покаже слика дека институциите делуваат на сузбивање на криминалните мрежи. Прашање е уште колку милиони од платени даноци од граѓаните се исцрпени од криминални структури и зошто не се создадени системи кои ова ќе го спречат? За познавачите на даночната политика е сосема јасно дека ваков систем не можел да функционира со или без УЈП. Челници од Управата или знаеле и молчеле за целиот случај или целосно го девастирале системот и немаат увид. Никогаш не било полошо. Затоа е важно да ги поразиме – рече Стојаноски.

Би можело да ве интересира

ВМРО-ДПМНЕ поднесе 40 амандмани за законите за стратешки инвестиции во енергетиката

(ВИДЕО) Стојаноски: Власта бега од дебата за Законот за игри на среќа имаат за цел да поделат лиценци на фирми блиски до Груби, ќе ги известиме сите амбасади

Не се дозволува расправа за Законот за игри на среќа, со кој ќе има онлајн коцкање и се крие криминалот на ДУИ

Предраг Петровиќ

Стојаноски до Ковачевски: Кој е вашиот изговор и кој ќе сноси одговорност за тоа што автопатот Кичево-Охрид не е завршен до моментот и рокот кој што вие го кажавте?

(ВИДЕО) Стојаноски: Буџетот за 2024 е досега историски највисок, нереален, предизборен и составен така за да може да се искраде

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Стојаноски: Со злоупотреба на ЕУ знаменце, владата ќе ја задолжи државата за нови 500 милиони евра

Горан Наумовски