(ВИДЕО) Спасовски: Власта ниту има волја, ниту сака да го прочисти избирачкиот список

Од:

Реформи со оваа влада, оваа партија која ги окупира институциите 10 години не се можни. Илузија е да очекува некој дека ќе има реформи. Да ги сведеме на минимум проблемите кои што постојат и во делот на Избирачкиот список и во делот на медиумите е нешто за што можеме и мораме да се избориме, рече поранешниот министер за внатрешни работи, Оливер Спасовски.

– Прва работа е фактот дека имаме отворено предмет во Специјалното јавно обвинителство во кое што се третираат токму изборните нерегуларности и веројатно тој предмет ќе мора да покаже што се случува со Избирачкиот список, што се случувало на денот на изборите. Вториот факт е дека и после прочистувањето на Избирачкиот список имаме 5.122 избирачи повеќе од тоа што било претходно. Многу нелогично, ако ние решиме нешто да чистиме во една просторија и од 10 столчиња на крајот, после чистењето имате 12. Окупацијата на институциите во Репулика Македонија, партизираната окупација во изминативе 10 години покажува дека е срушен системот на функционирање на државата и од тука се појавуваат институционалните проблеми. Најважна причина мислам дека е немањето на политичката волја бидејќи политичката волја на елитата на власт, на ВМРО-ДПМНЕ и на ДУИ не е да организира фер демократски избори за да ги демократизира институциите во Македонија заради тоа што владеењето нивно се сведува само на бројки. Бројки во гласови и пари и ништо друго не подразбира во делот на реформите. Точно е дека имаме застарен систем, но и дека имаме систем кој се злоупотребува, рече Спасовски.

Тој истакна дека наместо да се направи дополнителна проверка на информациите кои стигнале до МВР за лица кои имаат лична карта, но не пополниле барање за издавање на истата, свој потпис за легални државјани ставиле тогашниот дополнителен министер за внатрешни работи, Митко Чавков и претседателот на комисијата, кој е и државен секретар во министерството, со што според него се покажува дека ДИК одлучува политички.

– После рачната проверка се констатираше дека околу 18 илјади немаат никаков документ, никаква апликација за вадење на лична карта или патна исправа и тука настана проблемот. Наместо дополнително да извршиме проверки преку праќање полицајци на терен на одење на тие адреси да видиме што е работата. Јас не можам и не сакам веднаш да констатирам дека тие луѓе не постојат во Македонија. За тоа треба да има проверка и да видиме, ако Оливер Спасовски има лична карта, а во МВР не постои никакво барање дека поднел за да ја добие таа лична карта можеби тие документи не биле добро чувани во МВР, меѓутоа на адресата на која живее Оливер Спасовски мора да го има, рече Спасовски.

Александар Тодески

Би можело да ве интересира

Вкупно 4.527 лица направиле увид во Избирачкиот список во канцелариите на ДИК, а 13.056 по електронски пат

Спасовски и Ковачевски од Македонија направија Колумбија, криминалците со кои се сликаа се убиваат обвинува ВМРО-ДПМНЕ

СДСМ: Бидејќи не може да испорача решение за личните документи ДПМНЕ поднесува политички мотивирани кривични пријави

ВМРО-ДПМНЕ поднесе кривична против Оливер Спасовски: Издавал документи за кои знаел дека ќе мора да се менуваат

Катерина Ѓуровски

Јанушев: Спасовски и Ковачевски се креатори на хаосот со личните карти и возачките дозволи

Панче Тошковски ја презеде министерската функција во МВР