(ВИДЕО) Спасовски: Ова е битка за враќање на парите и животот во Куманово и Македонија

Од:

„Мора да напаравиме се, сите, и младите и пензионирите, да имаат достоинствен живот во Република Македонија. Затоа сакам да не ги злоупотребувате пензионерите. Да не им кажувате дека токму сега им покачувате нешто што им следува законски. Се залагаме за консолидирање на пензискиот фонд, за реално зголемување на пензијата секоја година врз основа на трошоците за живот и да имаат достоинствен пензионерски живот. Најавувам нова мерка, воведување на државна социјална пензија за секој граѓанин кој нема доволно работен стаж, односно нема 15 години работен стаж. Таа пензија би изнесувала 70 проценти од просечната пензија во Македонија. Секој граѓанин да има можност достоинствено да живее.

Затоа ја бараме поддршката. Оваа битка мора да биде и битка за Куманово. Да овозможиме да и се помогне на Општина Куманово. Да им се помогне на градоначалникот и на Советот на општината. Да се реализираат врвни проекти. Во нашата програма имаме три приоритети за Куманово. Првиот е целосна гасификација на општина Куманово, нешто што го започнавме први во Македониа и нешто кое знаеме и можеме да го направиме.

Второ, да одделиме средства од Буџетот на Р.М. пари кои се од граѓаните на Куманово, и трајно и целосно да го решиме проблемот со водоснабдување во Куманово. Да не ни се случува ова што ни се случува денес – да водат политика со водата во Куманово. Да има некои директорче кое кога ќе му текне да ја исклучува водата, само за да постигне политички поени. Но и за тоа се одговара. И на крајот, да направиме се, државата да финансира една санитарна депонија за собирање на цврстиот отпад во Општина Куманово. Тоа е потребно за да го заштитиме и Куманово и околината но да ја заштитиме и Македонија.

Ова се реални проекти кои можеме да ги исфинансираме и за кои преземаме обврска. Меѓутоа, преземаме и обврска за младите. Да им овозможиме и да им помогнеме да останат во Република Македонија. Тоа е вистинската борба, борба на оваа генерација и затоа ве повикувам да се прриклучите во оваа битка, да поработиме до 11 декември, да поразговараме со секој човек и во населба Гоце Делчев и во Куманово. Затоа што треба да се избориме за живот во Куманово, за живот во Македонија“, рече на митингот во Куманово, Оливер Спасовски, носител на кандидатската листа на СДСМ и опозицијата во изборната единица два.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Димковски: Алармантно, над 20 милиони килограми грозје стои неоткупено

СДСМ: Кој ќе одговара што институциите не ги предупредија луѓето, ги оставија да дишат штетни отрови и не ги евакуираа?

Филипче: Во Кочани, кај семејствата, полицајци, влегуваа кај семејствата после пожарот, да нема протести, да нема никаква организација

СДС наместо да ја пофали мерката за 400 пожарникари, ја злоупотребува за политичка кампања, велат од ВМРО-ДПМНЕ

(ВИДЕО) Кузеска: Време е власта да одговара и за пожарите и за еколошката катастрофа

Вистинската опасност за здравјето и безбедноста на граѓаните се СДС и ДУИ, велат од ВМРО-ДПМНЕ

Горан Наумовски