(ВИДЕО) Спасовски: Ќе се надградува системот „Сејф сити“

Од:

Министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски, најави дека ќе се надградува системот „Сејф сити“, а тоа ќе ги вклучи автопатиштата низ државата и други поголеми градови.

Спасовски ова го изјави во одговор на новинарско прашање по денешната посета на СВР Штип, при што најави дека и овој град е еден од тие во кој може да се прошири овој систем.

-Во овој момент го имаме само во Скопје, Куманово и Тетово, а во тек е процес на надградба на целиот овој систем. Надградбата ќе ги вклучи и автопатиштата низ државата и овие три градови и тука ќе се вклучи, секако, и електронското утврдување на собраќајните прекршоци. Идејата е да се прошири, пред се, во големите градови каде што имаме поголема фреквенција на луѓе. Штип е е еден од тие градови, иако мораме да кажеме дека Истокот, подрачјето на Штип е мирно, стабилно, меѓутоа секаде каде што имаме видео надзор имаме подобрување на безбедносната состојба, но ни помага и во откривачката дејност на јавната безбедност, рече Спасовски во одговор на новинарското прашање.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Спасовски: Да не се заборави 27 април – најцрниот датум во историјата на македонската демократија

Горан Наумовски

Спасовски: Минимална пензија од 20.000 денари и просечна пензија од 30.000 денари, двојна победа за европски живот во Македонија

Ковачевски и Спасовски побарале апанажа: За една година ќе добијат по 30.000 евра

Орце Костов

Спасовски: МВР ја завршува годината со инвестирани 17 милиони евра во 80 реконструирани објекти и за 35 отсто зголемени плати

(ВИДЕО) Спасовски во Вашингтон: Овие неколку дена работевме за напредокот на Македонија

Спасовски за внукот на Ахмети: Треба да се земат предвид сите факти и докази, Обвинителство ќе одлучи како ќе постапува

А1он