(ВИДЕО) Спасовски: Ги враќаме долговите кон фирмите, ја помагаме домашната економија

Од:

„Имаме конкретен и јасен план за поддршка на домашните компании бидејќи колку се домашните компании поразвиени толку посилна ќе биде и државаната економија. Во нашиот план предвидуваме државна помош во висина од 140 милиони евра за домашните компании да можат да создаваат нови работни места. Тоа значи дури стопати поголема помош отколку што компаниите имаат денес.

Се обрзуваме на Навремена исплата на обврските од државата! Ќе ги вратиме долговите кон домашните фирми! Во првите 100 дена јавно ќе објавиме план и јасни рокови за нивно плаќање. Ќе им помогнеме на фирмите во проширувањето на капацитетите. Државата ќе финасира 25 отсто од збирот на инвестицијата и бруто трошокот за нови работни места“, рече Спасовски.

„Ќе воведеме поволни микрокредити за отворање мали компании со само еден процент камата за кредит до 15 000 евра. За оние фирми со помалку од 5 вработени, ќе ги намалиме трошоците за фирмарина.

Ќе го поттикнеме претприемачкиот дух кај младите. Секоја година ќе доделуваме по 10 000 евра неповратни средства за најдобрите бизнис идеи. Така младите ќе се вработат себеси но истовремено ќе им помогнат и на другите.

Ќе изградиме старт-ап центри каде што новите компании бесплатно ќе користат деловен простор, но и правни и сметководствени услуги.

Ова се дел од мерките со кои ќе им помогнеме на домашните компании. Ова се дел од мерките со кои ќе им помогнеме на граѓаните. Ова се дел од мерките со кои ќе го спречиме иселувањето, ќе го вратиме достоинството и ќе го вратиме животот во Македонија“, рече на митингот во Ѓорче Петров, Оливер Спасовски, носител на кандидатска листа на СДСМ и коалицијата во ИЕ2.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Добивме опомена за тужба од АТС Груп и Шефшет Демировски, нема да се извиниме

Кузеска: Приватна фирма плаќа лобисти во САД за Мицкоски

Катерина Ѓуровски

СДСМ поднесе предлог-закон за финансиска поддршка на земјоделците

(ВИДЕО) Филипче: Мицкоски не е на списокот на државници кои ќе се сретнат со Трамп

А1он

(ВИДЕО) Штерјова: Бизнисот цвета – нова зделка со броила за струја вреден 13.3 милиони евра за српска фирма

А1он

Тренчевска: Една милијарда евра е зголемена дупката во ПИОМ