(ВИДЕО) Спасовски: Божиќ е празник на храбри одлуки

Од:

Претседателот на Владата, Оливер Спасовски придружен од заменик претседателот на Владата задолжен за европски прашања, Бујар Османи и министерот за здравство, Венко Филипче, денеска присуствуваше на света божествена литургија по повод празникот Христовото раѓање Божиќ – во Соборниот храм „Св. Климент Охридски“. Тој на новинарско прашање кажа дека по долги години, паричката од бадинковото лепче се паднала кај него. Премиерот Спасовски упати честитка до сите граѓани кои го слават Божиќ денеска и повика сите граѓани на нашата држава да допринесат за колективното добро и заедничкиот напредок во општеството.

dobivaj vesti na viber

„Среќен Божиќ на сите граѓани кои денеска го слават Рождеството Христово. Ова е празник на чесноста, на храбри одлуки, празник на активности на дело и токму преку овој празник можеме сите заедно да се препознаеме што е тоа што можеме да го направиме за себе, за нашата држава, за општото добро и за заедничкиот напредок. Токму христијанските празници испраќаат силни пораки, меѓутоа тоа се пораки и за сите граѓани на нашата држава. Тоа се мотивирачки пораки пред сé, коишто ќе допринесат секој самиот себе да се спознае што може да направи за колективното добро. Само на таков начин можеме да имаме колективна и заедничка среќа“, рече Спасовски.

Според него, празниците допринесуваат за единство, сплотеност, слога и солидарност. Тој посака напредок со мир и спокој.

„Сите заедно да го дадеме својот придонес за колективното добро, заради тоа што тука заедно ќе ја пронајдеме нашата среќа. Христос се роди! За многу години и уште еднаш честит празник на сите и добар празничен ден“, истакна премиерот Спасовски во неговата честитка.

Би можело да ве интересира

Министерот Спасовски апелира на мирен протест пред Собранието на Македонија

Семејството Бајден им го честиташе Божик на православните верници во САД и светот

Православните христијани го слават Рождеството Христово – Божик

Православните христијани утре го слават Бадник, задутре Божиќ

Ана Ололовска

Се е подготвено за 30. традиционално бадникување пред Соборниот храм во Скопје

Ана Ололовска

Симболично сечење на бадникови гранчиња на Водно во пресрет на Божик

Ана Ололовска