Градоначникот на Прилеп, Марјан Ристески е љубител на рок и блуз музика, но ќе ужива и ќе потпевнува и на песните на Лепа Брена, Жељко, Кирил Џајковски, Влатко, Есма, заедно со прилепчани и со гостите на јубелејниот „Пивофест“.
За тоа кое пиво пие одговорот е дипломатски: „Марјан Ристески пие секогаш ладно пиво“.
Од „Пивофест2012“, ќарот за Прилеп ќе биде околу 5 милиони евра.
Ова е дел од интервјуто на градоначалникот на Прилеп, Марјан Ристески за А1. Утре можете да го проследите интервјуто во целост во кое Ристески открива дали по трет пат ќе влезе во градоначалничката трка, што мисли за противкандидатот Хари Локвенец и за состојбите во Прилеп.