ВИДЕО: Шврговски ги потврди снимките со Јанкулоска, за него обвинителството не е независен орган

Од:

Поранешниот Jавен обвинител Љупчо Шврговски за „Дојче Веле“ ги потрвдува телефонските разговори коишто вчера ги презентираше Зоран Заев, во кои тој, тој бара од министерката Гордана Јанкулоска да интервенира кај министерот за правда Блерим Беџети, со цел синот на претседателката на Апалацискиот суд, Љупка Арсениевска, да биде избран за обвинител.

Шврговски ја потврдува веродостојноста на снимките, но за него сето ова било легитимно, бидејќи обвинителството според закон не било независно.

„Во јавноста постои непознавање на уставната позиција на Обвинителството. Јавното обвинителство е самостоен и единствен орган, но не е независен. Владата го дава предлогот за избор на државен јавен обвинител, а го именува и го разрешува Собранието. Ние сме истурен дел на извршната власт. Од тој аспект, соработката на обвинителството со извршната власт е легитимна. Уставната позиција ни го дава тој, условно речено, „ексклузивитет“. Во судството, пак, тоа е невозможно, бидејќи судството е независна, трета власт. Обвинителството не е. Во тоа е разликата“, вели Шврговски за „Дојче Веле“.

Транскрипт од разговор за кои Заев вели дека е помеѓу Гордана Јанкулоска и Љупчо Шврговски

ГЈ: Ало.

ЉШ: Еј, Гоцо здраво.

ГЈ: Здраво Љупчо.

ЉШ: Шо правиш, добра си? Одмарај

ГЈ: Еве малку по дома, да ти кажам одмарам. Ти како си?

ЉШ: Добар, јас вчера малку на роденден бев, па, малце подолго спиење…

ГЈ: Аха.

ЉШ: Али добро е, сега е океј.

ГЈ: Е па, добро сега, мора и ние сме луѓе…

ЉШ: Да одмориме, сигурно, сигурно.

ГЈ: Да, да.

ЉШ: Гоцо, вака сега ми се јави Кизов, па нешто ми спомна ние утре треба да бираме обвинители. Нешто ја и ветив на оваа претседателката на Апелација, Сашо ми се јави баш неќни.

ГЈ: А она за каде тоа?

ЉШ: За во скопсково…

ГЈ: Е па ај…

ЉШ: …едно место е и ветив на претседателката за синот нејзин…

ГЈ: ај тогаш вака да направиме….

ЉШ: знаеш, женава…барем него да го протуркаме

ГЈ: Ај јас ќе му се јавам на Блерим, да го замолам…

ЉШ: Замоли го едно нешто, ветено е знаеш…

ГЈ: …да му речам многу е битно, и ќе му кажам за кого е

ЉШ: И она наш човек е, знаеш како е…

ГЈ: Да де да. Не, ќе му кажам за кого е. И ќе му речам: молим те, следниот пат ќе ви го искомпензираме.

ЉШ: Апсолутно, апсолутно, апсолутно.

ГЈ: Јас повеќе ми беше, не знаев дека сте збореле со женава…

ЉШ: Па зборев уште, знаеш ќе испаднам јас несериозен и ветив, Сашо ме замоли, вика: дај Љупа молиме те за неа вика…

ГЈ: Да де да, ама добор сега работиме со неа. Знаеш како…

ЉШ: И сега знаеш како, едно место. Да, да, да.

ГЈ:…мислам, ептен е. Одма ќе му завртам јас сега на Блерим

ЉШ: Ѕврцни му да знае, значи едно место нека, да пуштат сега, па ќе го искомпензираме на следниот оглас и готово.

ГЈ: Тоа е во скопското, така?

ЉШ: Во скопското да.

ГЈ: Океј, важи, одма ќе му завртам.

ЉШ: Ете така кажи му.

ГЈ: И утре ако имате вие, претпоставувам…

ЉШ: Во 12 имаме, да…

ГЈ: …пред да почнете, се гледате…

ЉШ: Аха.

ГЈ:…мислам, онака на координација…

ЉШ: Апсолутно, ја ќе се договорам, ќе им кажам. Без грижа, без грижа тоа е моја работа.

ГЈ: Да им кажеме дека е таква работава. Тоа. Океј.

ЉШ: Готово, само пушти ми на порака што си направила Гоцо.

ГЈ: Одма, одма. Важи, одма ќе го побарам, па ќе ти јавам. Океј.

ЉШ: Важи Гоцо. Поздрав.

ГЈ: Поздрав.

ЉШ: Чао, Гоцо, чао.

Би можело да ве интересира

Крвава забава во Книн – рачна бомба експлодираше во стан, 25-годишник загина

А1он

Тревога во пет авиони на „Делта ерлајнс“: „Никој нема да преживее“

Горан Наумовски

Поради дојава за бомба, полицијата го евакуира „Сава центарот“

Бомба тешка 250 килограми е пронајдена кај Нова Градишка

Експлозија во судница во Калифорнија, двајца повредени

Претседателството на БиХ добило дојава за поставена бомба

Горан Наумовски