(ВИДЕО) Шекеринска: Меѓународната заедница станува гласна во осудата на власта

Од:

Меѓународната заедница станува се погласна во осудата на власта која со притисок, закани и монтирани случаи сака да се спаси од објавувањето на докази за нејзиното криминално владеење, вели Радмила Шекеринска, заменик претседателка на СДСМ.

Потврда за тоа е и Декларацијата на Претседателството на Партијата на европски социјалисти која беше усвоена вчера во Брисел. Европските социјалисти, во еден глас, на највисоко ниво, ја повикаа владата на Никола Груевски да ги почитува основните демократски вредности, додаде таа.

Претседателството на ПЕС, вели таа, ги повтори веќе изразените критики кон власта за „селективна правда и зголемена партизација„ и заклучува дека обвинувањата од страна на Никола Груевски се показател токму на она што е напишано во извештаите на ЕУ.

„Услови кои наликуваат на авторитаризам“ и „поткопана демократија“ се формулации со кои европските социјалисти бараат императив да биде владеењето на правото и независноста на судството во Македонија.

За да ја покаже својата поддршка за СДСМ, но и за враќање на демократијата и транспарентноста, ПЕС одлучи да подготви и испрати делегација во Република Македонија со цел целосно да ги согледа состојбите во државата и предизвикот со кој е соочена македонската демократија.

Евидентна е зголемената загриженост на меѓународните и европските сојузници за настаните што се случуваат во Македонија. Се поголем број од нив гласно зборуваат за потребата од одбрана на демократските вредности во Македонија.

Се е јасно.

Никола Груевски прави пуч врз Република Македонија, чекор по чекор окупирајќи ги сите институции и газејќи ги своите граѓани. Доаѓа денот кога за тоа ќе ја понесе одговорноста.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Филипче: Антифашизмот е нашиот темел, борбата за слободна и праведна Македонија е наша обврска

А1он

ФФМ под окупација, претворена во партиски штаб на ВМРО – ДПМНЕ, обвинува СДСМ

(ВИДЕО) СДСМ: Директорка на училиште и нејзин помошник се коцкале во казино за време на екскурзија во Монте Карло

(ВИДЕО) Цветаноска: Ребаланс затоа што нема пари за плати и пензии

А1он

Жерновски: Фон дер Лајен му ја зеде лагата на Мицкоски за идентитетот – сега намерно разгорува тензии пред средбата во Бугарија

(ВИДЕО) Филипче: Фон дер Лајен ги разобличи лагите на Мицкоски за македонскиот идентитет

А1он