На граѓанскиот парламент вечерва во Ресен се обрати потпретседателката на СДСМ Радмила Шеќеринска.
Веќе два месеци Македонија е на улиците, и покрај ова студено време, кој ќе поверуваше дека илјадници граѓани кои немаат припадност кон ниту една партија ќе излегуваат на улица и во најлоши временски услови ќе знаат да се спротивстават на ова зло. Ние сме без бодигради и без платеници околу нас.
Кога решија да ги избркаат новинарите од собранието, им покажаа на сите дека решија свесно и намерно да го кршат уставот и да ги погазат сите закони во оваа држава. Кога сме сигурни дека сме во право ние немаме проблем со сведоци, немаме проблем со камерите, тогаш тоа можеме да го направиме пред сите, а тие ги избркаа новинарите за да нема сведоци за тој криминал, рече Шекеринска.