ВИДЕО: Седуммина приведени за опожарувањето на верскиот објект на Еврејската заедница

Од:

Министерството за внатрешни работи го расчисти случајот со обидот за опожарување на верскиот објект на Еврејската заедница во Скопје, што се случил на 12.04.2026 година околу 04:50 часот.

Веднаш по добиената пријава, Секторот за борба против тероризам, насилен екстремизам и радикализам при Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал, во координација со СВР Скопје и Агенцијата за национална безбедност, презеде соодветни мерки и активности. Во изминатиот период биле спроведени повеќе оперативно-тактички мерки на подрачјето на град Скопје.

На 30.04.2026 година, во содејство со СВР Скопје и ОСПО, а под раководство на надлежен јавен обвинител од ОЈО ГОКК, по претходно обезбедени судски наредби за претрес на дом и други простории, извршени се претреси на 13 локации на територијата на Скопје. При тоа, приведени се седум лица и одземени се предмети и електронски уреди поврзани со кривичното дело.

По наредба на јавен обвинител, лицата се задржани за понатамошна постапка. Потоа, Секторот за борба против тероризам, насилен екстремизам и радикализам поднесе кривична пријава против А.Љ. (21) од Скопје, поради основано сомнение за сторено кривично дело „тероризам“ по член 394-б од Кривичниот законик, како и против А.Р. (38) од Скопје, поради основано сомнение за сторено истото кривично дело по член 394-б, во врска со член 24 од Кривичниот законик.

Од страна на судија на претходна постапка, на осомничените им е одредена мерка притвор.

Би можело да ве интересира

Верските лидери го осудија инцидентот со објектот на Еврејската заедница

ВИДЕО: Обид за опожарување на објектот на Еврејската заедница и на синагогата во Скопје

Катерина Ѓуровски

Еврејската заедница во Македонија потврди, 19 годишната девојка киднапирана од Хамас има македонско потекло

Анита Петровска Рајковиќ