ВИДЕО: Се рашири пожарот во Старо Нагоричане, стигна до првите куќи на Бељаковце

Од:

Пожарот од село Руѓинце стигна до Бељаковце, досега зафатени се една напуштена куќа и дрвена плевна, информираа од Центарот за управување со кризи.

Во гаснењето на пожарот вклучени се противпожарни екипи од неколку општини и хеликоптерот на МВР и авионите на Дирекцијата за заштита и спасување.

– Засега нема изгорени куќи, пожарот е до првите куќи во Бељаковце, изгореа една стара напуштена куќа и една дрвена плевна, авионите на ДЗС и хеликоптерот на МВР значително помогнаа, изјави директорот на ЦУК, Стојанче Ангелов.

Пожарот во ова село во општина Старо Нагоричане избувна попладне. Ветерот го отежна гасењето. Екипите на територијалната противпожарна единица Старо Нагоричане, како што претходно изјавија го гаснеа пожарот со екипи на Куманово, Ранковце и Кратово.

Пожарот првo избувнал во високата трева и се проширил кон мешовитата шума. Ветерот го отежнуваше гаснењето и беше побарана поддршка, по што на терен се упати полициски хеликоптер и ЕР трактор на Дирекцијата за заштита и спасување.

Би можело да ве интересира

Активни пожари во Липково и во Студеничани

Пожарот над скопски Раштак ставен под контрола

Пожар на Скопска Црна Гора кај селото Раштак

Катерина Ѓуровски

Се бара интервенција од воздух во Липковo, сите летала дејствуваат на пожарот во беровско

Катерина Ѓуровски

Пожарот кој избувна кај селото Косово Дабје близу планината Голак ставен под контрола

Катерина Ѓуровски

Сѐ уште гори во близина на Тиквешкото Езеро

А1он