Поројните дождови кои го зафатија тетовскиот регион предизвикаа значителна штета, страв и паника кај граѓаните.
По прелевањето на водата од коритото на Пена, многу од граѓаните во страв ги напуштија домовите кои се наоѓаат покрај реката, информира порталот tetovasot.com
Невремето најмногу ја погоди Мала Речица. Сообраќајот е целосно блокиран, а поплави има насекаде во градот.
Во Мала Речица невремето корнеше дрвја, а ввочливи се и разместени камења по патот. Од таму апелираат за итна помош.