(ВИДЕО) СДСМ: Верушевски е монтиран политички случај

Од:

Да одиме по сериозноста, најнапред за Зоран Верушевски. Согласно информациите коишто се достапни во јавноста, како и од исказите на адвокатот на господинот Верушевски, станува јасно дека претресот во неговиот дом е направен под сомнеж за шпионажа.

Но, потоа, господинот Верушевски е осомничен за нелегално поседување оружје и наводно прикажување порнографски материјал на дете. И последното, мерката притвор му е изречена само и исклучиво за нелегално поседување на оружје.
Ова говори дека во случајот на господинот Верушевски се работи за монтиран политички случај.

Раководството на СДСМ нема блиски контакти со господинот Верушевски. Но, тој е поранешен висок државен функционер. Социјалдемократскиот сојуз на Македонија внимателно го следи развојот на неговиот случај. Доколку институциите брзо не го расчистат хаосот околу Верушевски од партијата ќе следи соодветна реакција, рече Верушевски.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Тренчевска: Вториот ребаланс е комплетен фискален пораз на неодговорната политика на власта – последиците ги трпат граѓаните

СДСМ: Со ребалансот нема пари за минимална плата од 600 евра, има нови долгови за граѓаните

Кузеска: Симе не е во затвор, повторно е со Мицкоски, пуштен е да работи за ВМРО-ОКГ во Брвеница

Катерина Ѓуровски

Манасиевски: Каде се анкетите на Венко што рече дека ќе ги обзнани во јавноста уште пред две недели?

СДСМ: Следуваат нови поскапувања додека Мицкоски ги одбива сите мерки за поголеми плати и помош на граѓаните

МОН со жесток одговор до СДСМ за „Стив Наумов“: „Четири ваши министри не успеаја да сврзат две цигли“