(ВИДЕО) СДСМ: „Малите штети“ во Штип се мали само за забеганата власт на ВМРО-ДПМНЕ и Захариев

Од:

Потполно ја разбираме нервозата кај градоначалникот на Штип и ВМРО-ДПМНЕ, бидејќи на виделина излезе аматеризмот на ВМРО-ДПМНЕ за популистички цели. Корито не се прави со мешалки и лопати без стручен орган. ЈП Исар не може да изведува мостови, посебно во речно корито, затоа што нема лиценца за да го прави тоа, ниту има стручен кадар овластен да изведува ваков тип на објекти, вели Владимир Милошев, претседател на ОО СДСМ Штип.

Тој во продолжение рече:

Затоа падна мостот почитувани граѓани!

Поради неодговорноста на градоначалникот и власта на ВМРО-ДПМНЕ.

Го прашуваме Захариев,
Дали знаете дека го поткопавте мостот кај црквата Св. Никола?

Дали знаете дека мостот кај црквата Св. Никола во изминатите триесетина години издржал многу поголеми поплави од оваа, а сега од неколкучасовен порој се поткопа десниот носечки столб на конструкцијата и се покажа видна деформација на коловозот.

Колку ќе чини реконструкцијата на овој мост и кој ќе ја плати оваа штета?
СДСМ беше во лакавичкиот регион заедно со граѓаните. Тие не информираа дека Захариев и Груевски им порачале да се качат на околните ридови доколку надојде водата!

Тоа се мерките на ВМРО-ДПМНЕ.

„Малите штети“ во Штип се мали само за забеганата власт којашто единствено што знае е да фарба фасади и да прави евтини шминки во градот.

Бидејки Захариев призна дека брана на река Отиња е решение на проблемите, сакаме да го потсетиме дека во време кога Штип имаше градоначалник од редовите на СДСМ беше извршена ревизија на главниот проект и потпишан меморандум од сите политички партии за изградба на браната. Но, претходникот на Захариев и негов партиски другар го стопираше целиот процес, а не го продолжи ни самиот актуелен градоначалник:

Бараме одговорноста за хаваријата во Штип да ја понесат Илчо Захариев и советниците на ВМРО-ДПМНЕ. Не од пари на граѓаните, туку тие лично финансиски да ги надоместат направените штети.

Би можело да ве интересира

ФФМ под окупација, претворена во партиски штаб на ВМРО – ДПМНЕ, обвинува СДСМ

(ВИДЕО) СДСМ: Директорка на училиште и нејзин помошник се коцкале во казино за време на екскурзија во Монте Карло

(ВИДЕО) Цветаноска: Ребаланс затоа што нема пари за плати и пензии

А1он

Жерновски: Фон дер Лајен му ја зеде лагата на Мицкоски за идентитетот – сега намерно разгорува тензии пред средбата во Бугарија

(ВИДЕО) Филипче: Фон дер Лајен ги разобличи лагите на Мицкоски за македонскиот идентитет

А1он

Каранфилова Пановска: Оризот се откупува за понижувачки 16 денари, оризопроизводителите не ги покриваат трошоците