Бескрајната колона демонстранти помина низ Триумфалната порта и замина кон Владата, откако демонстрантите беа спречени од полициските кордони да дојдат пред Собранието.
Претходно демонстрантите им поделија цвеќиња на полицајците кои не им дозволија да протестираат пред Собранието и извикуваа „Кого штитите?“.
Поминувајќи низ Триумфалната порта луѓето коментираа дека откако ја направија оваа грдосија, првпат е триумфална. Демонстрантите фрлија боја и на неа напишаа “Грабеж“. Од тука се упатија на Камениот мост но специјалните полициски сили забранија простап кон Музејот на ВМРО и кон Уставниот суд.