ВИДЕО: Пронајдено оружје во гевгелиско, двајца приведени

Од:

Полицијата денеска уапси двајца жители на гевгелиското село Богородица бидејќи во нивните домови било пронајдено оружје.

– Во нивните домови, со судска наредба биле извршени претреси, при што во домот на А.Д. во с.Богородица биле пронајдени и одземени две ловечки пушки, воздушна пушка, самострел, 99 патрони ловечка муниција, 272 боеви куршуми од различен калибар и два оптички нишани. При претрес во домот на Ж.Д. во с.Богородица биле пронајдени и одземени еден ловечки карабин, воздушна пушка, една цевка за ловечка пушка, 107 патрони ловечка муниција и 44 боеви куршуми од различен калибар информираат од МВР.

За настанот бил запознаен Јавен обвинител, а лицата биле задржани во полициска станица. Ќе им бидат поднесени пријави.

Би можело да ве интересира

Уапсен професор од средно училиште во Скопје, сексуално вознемирувал ученичка

15-годишник силувал тинејџерка

Кумановец дал 43 илјади евра на лажен продавач на крипто валути

Украл голф, удрил во маркет, ја повредил вработената и избегал

Уапсена лихварка: дала 2.700 евра, барала да и вратат 15.000

Катерина Ѓуровски

Нема крај на измамите: на старец од Битола му зеле 10 илјади евра со приказна за повредена внука