Со десетминутен протест пред зградата на Министерството за образование, Синдикатот на просветарите (СОНК) денеска го искажаа незадоволство за состојбите во образованието и го поддржа штрајкот со глад на тројцата професори од Штипскиот универзитет.
„Ова не е образование, во Македонија нема образование ако ме разбирате. Имаше притисоци да не сме се бунеле многу многу, но не се откажуваме. Ова стана тотален хаос, и со екстерно и со инспекции, па и со платите“, вели професор од Прилеп кој присуствуваше на протестот.
Помеѓу штрајкувачите беа и тројцата професори од штипскиот Универзитет „Гоце Делчев“ кои речиси три недели штрајкуваат со глад, поради неизбирањето во повисоко звање, по што нивниот работен однос престана.