(ВИДЕО) Продадена веб страната „ЗбогумНикола.мк“, ја купил земјоделец од Велес

Од:

Веб страната www.zbogumnikola.mk која требаше да потсетува на сите злодела на Никола Груевски и неговите соработници ја купил извесен Новаков, индивидуален земјоделец од населба Речани, Велес кој од страна на МАРНЕТ е заведен како корисник, велат од СДСМ.

Тие се обиделе од MARnet да го задржат доменот, но оттаму веднаш им одговориле дека тој веќе е купен и дека ќе биде регистриран за 3 дена. СДСМ вели дека ја купиле страната www.zbogumnikola.com со цел да потсетува на сите злодела на Никола Груевски и неговите соработници, надградени и проширени, незапаметената сиромаштија, иселувањата, криминалот и корупцијата на фамилијата, нивното богатење на грбот на граѓаните, девалвираното образование, срушеното здравство, задолжувањата на граѓаните, узурпацијата на институциите, упадот во судството и медиумите, мега скандалот со прислушувањето.Potvrda za kupuvanje

– Новата 2016 gодина ја остварува најголемата желба на мнозинството граѓани на Република Македонија. Со цврстата одлучност на Социјалдемократскиот сојуз и na опозицијата, соподдршка од невладиниот и граѓанскиот сектор и од огромното мнозинство граѓани, се бројат денови до оставката на Никола Груевски! Груевски ќе мора да ја напушти премиерската фотелја, во којашто е удобно сместен цели 10 години и од којашто им одзеде 10 години живот на граѓаните на Македнонија, рече денеска на прес конференција Александар Кирацовски, потпретседател на СДСМ и дополнителен заменик-министер за информатичко општество и администрација.Nova korisnicka smetka za domen

Кирацовски кажа дека сопственоста на називот на странцата e префрлена на Друштво за трговија и услуги СОЛЕ ПРОМ со седиште во Скопје.

– Ова е класична злоупотреба на институциите од страна на власта на Никола Груевски – истакна Кирацовски.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Кога веќе следите, зошто не објавите фотографии од Дубаи?

(ВИДЕО) Димитријевиќ: Свиркач открива шема за пумпање пари во Пошта – 300.000 евра секоја година

Горан Наумовски

ВМРО-ДПМНЕ: Филипче да објасни како ги стекнал средствата за златна виза во Дубаи

СДСМ: За колку тендери ЗНАМ ја продава Македонија?

(ВИДЕО) СДСМ: Нова бомба – тендер од 1,2 милиони евра за фирма без работници блиска до ЗНАМ

А1он

СДСМ: Нема да нè замолчите, обидите за уривање на СДСМ одвнатре ќе бидат спречени

А1он