ВИДЕО: Приведени тројцата кои малтретираа коњ на улица во Скопје

Од:

Тројца скопјани се приведени поладнево затоа што влечеа коњ врзан за возило по улица во Скопје. Од малтретирањето на животното беа објавени снимки на социјалните мрежи. На нив се гледаше дека коњот е биквално изнемоштен и во еден момент паѓа на среде улица.

– Денеска ( 02.03.2023) на улица Благоја Стефковски во Скопје од страна на полициски службеници од ЕВР Гази Баба лишени се од слобода С. С. (24), Р. С. (20) и А.С. (54) од Скопје поради основано сомнение за сторено кривично дело по чл. 233 од КЗ (мачење на животни) сторено на 01.03.2023 околу 13:00 часот на ул. Коце Металец во Скопје , при што измачувале коњ. Известен е јавен обвинител и по документирање на случајот ќе биде поднесена кривична пријава се наведува во соопштението од МВР.

Би можело да ве интересира

Две сообраќајни несреќи со жртви во еден ден

Воз му ја прегази ногата на мигрант од Алжир во Гевгелија

Скопјанец ја тепал и ја избркал сопругата од дома, децата ги заклучил во тоалетот

Катерина Ѓуровски

Приведен вработен во МВР, возел во спротивна насока, а кога бил запрен, му се заканувал на полицискиот службеник

Катерина Ѓуровски

80-годишен Грк осомничен за убиството на ловочуварот кај Виница

43-годишна жена пронајдена мртва во стан во Кисела Вода