(ВИДЕО) Претрес во „Идризово“: Најдени пари, дрога, мобилни телефони

Од:

Денеска припадници на Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал и Одделот за специјални полициски операции под раководство на надлежен јавен обвинител од ОЈО Скопје, спроведе координирана полициска акција во Казнено-поправната установа Идризово Скопје.

„Во насока на превентивно делување, како и спречување на вршење на кривични дела во казнено-поправните установи, а како резултат на продлабочената меѓу институционална соработка, извршени се претреси во КПУ Идризово, сѐ со цел пронаоѓање недозволиви или забранети предмети кај лица осуденици кои се на издржување казна затвор.

Постапувајќи по наредби за претрес, издадени од Судија за претходна постапка, извршени се претреси во вкупно 14 ќелии и две соби во казнено-поправната установа, при што биле пронајдени:

поголема сума на парични средства од законски дозволените кои осудените лица можат да ги поседуваат во различни апоени и валути, таблет, 11 мобилни телефони, повеќе парчиња галантерија за мобилни телефони, неколку остри предмети, прашкаста материја, која била одземена. Останатите пронајдени предмети за време на претресот ќе бидат предадени на затворска служба за понатамошна постапка“, велат од МВР.

Би можело да ве интересира

Излегол од затвор, ја истепал сопругата, па и запалил дел од облеката

Приведени 17 припадници на затворската полиција вработени во К.П.Д. „Идризово“

Горан Наумовски

Обвинителството чека извештај за претресите во Идризово, официјална потврда за ископаните тунели се уште нема

Уапсен е бегалец од „Идризово“ осуден на 15 години затвор

Горан Наумовски

Затвореник од „Идризово“ сакал да избега во Албанија, уапсен е близу државната граница

Горан Наумовски

Осуденик се обидел да избега од „Идризово“