(ВИДЕО) Предавања за Soft skills

Од:

Во понеделник на ФЕИТ/МФС се одржа предавање за меки вештини (soft skills) организирано од група студенти при Факултетот за информатички науки и компјутерско инженерство (ФИНКИ): Емилија Ѓорѓевска, Оливер Ѓорѓевски, Нерма Муминовиќ, Стефан Стојановски и Дарко Ефтимов.

Проектот е под менторство на проф. д-р Владимир Трајковиќ (Медиуми и комуникации).

Гостин – предавач беше Огнен Јанески (ТВ водител, новинар, колумнист, тренер по ораторство, дигитален PR, модератор / аниматор).

Беа присутни над 100 студенти од целиот технички кампус, од различни години на студирање. Според организаторите, целта е да се едуцираат студентите за важноста на поседувањето на вакви вештини, со особен акцент на оние кои студираат на технички факултети, бидејќи таквите факултети не нудат обуки од овој контекст.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Ангелковска: ВМРО-ДПМНЕ системски го партизира и образованието, постоечките образовни асистенти заменети со нови партиски кадри

Донесовме одлука за етапно покачување на платите на наставниците во период од четири години, вели Јаневска

За следната учебна година ќе има учебници за секое дете, вели министерката Јаневска

Деканите на Сити Колеџ: Ние ги градиме идните лидери!

A1on

Трамп потпиша извршна наредба за распуштање на Министерството за образование

Јаневска објави: Нов закон за средно образование ќе има наскоро