ВИДЕО: Пожарот во Визбегово е блиску до куќи, ќе се евакуира население ако има потреба

Од:

Во реонот на Визбегово, општина Шуто Оризари во близина на дивата депонија, избувна пожар кој се шири и претставува ризик за проширување кон околните површини. Има опасност бидејќи во близина се наоѓаат станбени куќи.

По барање на градоначалникот на општина Шуто Оризари, Курто Дудуш испратен е ер-трактот на Дирекцијата за заштита и спасување.

– Укажано му е на градоначалникот на Шуто Оризари доколку се процени дека има потреба да пристапи кон евакуација на населението кое се наоѓа во тој реон, велат од Центарот за управување со кризи.

Се интервенира од страна на екипи на БППЗ на Град Скопје.

Би можело да ве интересира

Активни пожарите на планините Кожуф и Добра Вода

СДСМ: Среде пожари 400 пожарникари оставени без плата

Се уште активни пожарите кај село Винче и на Кожуф

Мицкоски: Опозицијата лаже за пожарите, се занимава со некрофилија и не прави ништо за да помогне

Катерина Ѓуровски

Пожарот во Трубарево е под контрола, гори на четири локации низ земјава

Мицкоски: Идентификувани се дваесетина лица поврзани пожарите

Катерина Ѓуровски