ВИДЕО: Пожар му се заканува на кавадаречкото село Шивец

Од:

Пожар избувна и брзо се шири во близина н кавадаречкото село Шивец информираше директорот на Центарот за управување ос кризи Стојанче Англеов. Брзо се шири пожар по долот во близината селото и на црква, алармира Ангелов, кој заедно со градоначалникот на Кавадарци, Митко Јанчев е на терен. Опасен е и пожарот кај селото Сирково.

Ангелов вели дека воздухопловите се на редовна пауза, точат гориво, па ќе се обидат со жива сила да го сопрат патот на огнот кај Шевац, но нагласува дека низ сувата трева и трњето многу брзо се движи огнот. Ќе се бара помош од полициските сили, кои во моментов го обезбедуваат патот.

Кај селото Сирково, кое се наоѓа на границата меѓу општините Кавадарци и Росоман, огнот е невозможно да се стави под контрола.

Од возух претходно беше само забавен огнот, но не беше локализиран.

Воздухопловите можат да дејствуваат дури по 15 часот поради високите температури, а во моментов дејствуваат на други локации два словенечки воздухоплови и еден црногорски хеликоптер.

Во моментов има 15 активни пожари, вели Ангелов.

Би можело да ве интересира

Еден активен пожар и еден под контрола од вчерашните 22 на отворено низ државава

Вкупно 39 пожари на отворено вчера, пет сѐ уште активни

Локализиран пожарот во близина на железничката пруга во Кисела Вода

ВИДЕО: Гори во Визбегово

Катерина Ѓуровски

Пожари кај Железничка, во Визбегово и во Сопиште

Катерина Ѓуровски

Состојбата со пожарите на отворено повторно се влошува, гори на пет локации