(ВИДЕО) Полицијата влече демонстранти, граѓаните молат „Не тепајте ги“

Од:

Припадници на полициската единица Афли со пендреци им се нафрлија на граѓаните кои вечерва протестираа повторно во Ѓорче Петров поради убиството на 19 годишниот Ангел Петковски.

Единицата за брзо распоредување се распореди по улицата и ги потиснаа граѓаните по дворовите, а голем дел од нив се приведени.

Заробените граѓани не смееја да ги напуштат дворовите, а улицата беше под полициска опсада.

Ваквата ескалација на настаните во Ѓорче Петров дојде по демолирањето на казиното „Сенатор“ од кое беа извадени фотељи, столови и маси, кои се фрлаа во запалените контејњери. Голем чад на улицата се крена откако во огнот беа фрлани и гуми од автомобили.

За време на инцидентите кои се случуваа, во близина немаше распоредено полиција.Претходно, граѓаните го блокираа пристапот на противпожарно возило сакајќи да пристапи до огнот кој дивееше по улицата, но неуспешно, по што возилото се врати назад.

Опожарените контејнери беа изгасени околу 22:30 минути, кога полицијата ја презеде контролата во свои раце.

Петар Клинчарски

Би можело да ве интересира

Ниту една казна не може да ни го надомести синот, изјавија родителите на убиениот Ангел Петковски

Ана Ололовска

Тринаесет години затвор за обвинетиот во случајот со убиството на Ангел Петковски

Ана Ололовска

Судот го прифати предлогот на одбраната да има реконструкција на случајот Ангел Петковски

Ана Ололовска

14 години затвор за убиството на Ангел од Ѓорче Петров

Ана Ололовска

Обвинетиот за убиството на Ангел Петковски бил свесен за извршеното дело

Емир Латифовиќ

Конфузни изјави на сведоците за убиството на матурантот Ангел

Емир Латифовиќ