Откако против одлуката на Иванов за помилување политичари се кренаа на масовни протести граѓаните од Скопје, Битола и Струмица, Македонците кои живеат во Њујорк, во Централ парк изглегоа со поддршка на протестите во Македонија.
За денеска во 12 часот по локално време односно 18 по македонско е најавен протест и пред Македонската амбасада во Вашингтон.
„Протестирам за подобра Македонија, за владеење на правото, за независно судство, за слободни медиуми, за демократска власт, за толеранција на различностите, за граѓанско општество со право на избор! Остануваме Македонци, без загради, наставки, преставки, додатоци!”