(ВИДЕО) Пировска: Нема основа за прекршочни или кривични пријави за приведените демонстранти

Од:

Приведените демнонстранти од вќерашните протести се се уште во полициските станици, а се очекува до крајот на денот да бидат пуштени. Хелсиншкиот комитет за човекови права им обезбедил бесплатан правна помош

– Нема основ ниту за прекршочна, а уште помалку за кривична постапка, бидејќи најголемиот дел од нив биле фатени, односно приведени при бегање, значи не успеале да се повлечат на време кога се случи оној сендвич помеѓу полицијата и демонстрантите. Ниту еден не бил фатен во толпа. Предупредуваме да не се случи истото сценарио од 5 мај 2015 година

Граѓаните имаат уставно право на протест. Тие вчера го покажаа својот револт за сето она што им се случуваше со години наназад.

– Граѓаните го покажаа својот револт за сите прекршувања на правда и на човековите права. Граѓаните вчера покажаа дека оваа власт веќе не е легитимна и дека треба да си оди. Граѓаните покажаа дека последниот чин на Ѓорге Иванов, кој што нема да го наречам претседател, претставува грубо кршење на човековите права. Вчера полицијата приведуваше луѓе, а господинот Ѓорге Иванов амнестираше криминалци, луѓе кои ги злоупотребија своите службени овластувања, кои ги злоупотребија државните ресурси за исполнување на своите лични интереси. И отткука протестите ќе продолжат, секој ден во 6, рече Пировска

Рамадан Рамадани рече дека странските фактори се повикуваат да и помогнат на Македонија, исто како што би и помогнале кога би била окупирана од странски окупатор.

А.Б.

Би можело да ве интересира

Хелсиншки комитет: Институциите мора да ги заштитат осудениците во висок ризик

Ана Ололовска

„На образованието му треба сериозно проветрување од насилници“

Ана Ололовска

Хелсиншки комитет: Инсистираме на објективна и навремена истрага и одговорност за трагедијата во тетовската болница

Ана Ололовска

Хелсиншки комитет за човекови права: КСЗД утврди – Мото клубот Пелистер врши директна дискриминација

Ана Ололовска

Анализа: Пандемијата ја продлабочи нееднаквоста на лицата со попреченост

Ана Ололовска

Хелсиншки комитет за човекови права: Годишен извештај за криминалот од омраза во 2020, регистрирани 104 вакви инциденти

Ана Ололовска