(ВИДЕО) Пировска: Комисијата за 24 декември ќе се судри кога ќе се бара одговорност од Вељановски и Јанкуловска

Од:

На 24 декември власта брутално ја злоупотреби својата моќ и со таквиот чин ги урна принципите на правната држава. Законодавниот дом, пак, го сведе на алатка за фабрикување на закони по своја желба – изјави извршната директорка на Хелсиншки комитет, Уранија Пировска.

Иако Комисијата за утврдување на фактите од црниот понеделник требаше да се формира до 1 март, таа се уште нема избрано ниту претседател. Според Пировска, судирот ќе се случи кога ќе треба да се разговара за одговорноста на претседателот на Собранието Трајко Вељановски и Министерката за внатрешни работи, Гордана Јанкуловска.

– Последиците се познати однапред – ќе се одложи датумот за преговори со ЕУ. Комисијата не може да даде насоки за кој да понесе одговорност, тука на сила мора да стапат институциите. А, веќе видовме, на 24 декември се покажа каков е нивниот капацитет. Јавниот обвинител молчеше, Народниот правобранител чекаше да биде реизбран во Собранието. ја отфрли претставката на новинарите и се прогласи за ненадлежен – објаснува Пировска.

Во Извештајот на Европската комисија се наведува дека службите на Собранието ги исфрлиле на новинарите и пратениците. Но, според неа, тие не беа исфрлени од обезбедувањето, туку од полицијата во присуство на министерката за внатрешни работи Гордана Јанкуловска.

– Постојат снимки кои велат дека одредени министри дале наредба за исфрлање на пратениците и новинарите. Со самото тоа беше прекршен Деловникот на Собранието. Притоа, Претседателот на Собранието не смееше да отстрани цела пратеничка група од салата. Како и да е, не очекувам Комисијата да донесе одлука од која ќе има правна сатисфакција – вели Пировска.

Исто така, таа се осврна и на предложениот нов Закон за медиуми.

– Законот повеќе ќе ја засили цензурата и слободата на информирање. За него немаше јавна дебата. Јас негодувам и на веќе донесениот Закон за клевета и навреда. Хелсиншкиот комитет, заедно со неколку други организации, покренаа иницијатива до Уставниот суд за преиспитување на уставноста на овој закон.


Петар Клинчарски

Би можело да ве интересира

Хелсиншки комитет: Институциите мора да ги заштитат осудениците во висок ризик

Ана Ололовска

„На образованието му треба сериозно проветрување од насилници“

Ана Ололовска

Хелсиншки комитет: Инсистираме на објективна и навремена истрага и одговорност за трагедијата во тетовската болница

Ана Ололовска

Хелсиншки комитет за човекови права: КСЗД утврди – Мото клубот Пелистер врши директна дискриминација

Ана Ололовска

Анализа: Пандемијата ја продлабочи нееднаквоста на лицата со попреченост

Ана Ололовска

Хелсиншки комитет за човекови права: Годишен извештај за криминалот од омраза во 2020, регистрирани 104 вакви инциденти

Ана Ололовска