(ВИДЕО) Петрушевски: Венко Филипче е срам за Македонија

Од:

Венко Филипче е срам за Македонија, наместо да биде во линија со националните интереси, тој по примерот на Зоран Заев оди и ги поткопува позициите на државата во Атина. Венко Филипче го користи секој свој јавен настап надвор за да ја кодоши државата и да ги руши нејзините позиции со лаги и измислици, изјави пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Бране Петрушевски.

– Што го тера Венко Филипче да ја пљука државата надвор? Дали Венко Филипче знае дека како опозиционер има обврска да биде во линија со националните интереси, или сепак не може да се надмине себе си, и струмичката политика на Заев, која се темели на предавства и коленичење?

Македонија под водство на ВМРО-ДПМНЕ во преден план ги има долгорочните интереси на нацијата и државата. ЕУ е една од тие цели, но целта сама по себе не може да биде оправдување за лоши чекори за нејзина реализација. ЕУ е местото каде природно припаѓаме, и таму мора да влеземе под јасни критериуми, а не со билатерални условувања, кои немаат врска со демократија, европски вредности и начела. Филипче мора да разбере, дека покрај ЕУ, целта на државата и нацијата е да го зачува достоинството. Затоа кога следен пат ќе му текне да кодоши, нека се сети дека не му прави штета на ВМРО-ДПМНЕ, што всушност посакува, туку на идните генерации кои очекуваат одговорна политика од оваа генерација политичари, од кои и тој е дел, нагласи Петрушевски.

Би можело да ве интересира

ВМРО-ДПМНЕ: Ако Филипче сфаќа што збори тогаш веројатно е свесен дека става нова јамка на вратот на македонскиот народ

(ВИДЕО) Филипче: Мицкоски ги предаде македонските национални интереси!

Филипче: СДСМ ќе одржи Конгрес на 7 јуни

СДСМ се приклучува на протестот против насилството врз жените, маршот за 8 Март откажан

Горан Наумовски

Филипче: Стратешките одлуки на СДСМ ја обезбедија евроатлантската интеграција

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Петрушевски: Молкот на СДС отвора сомнежи, хистеријата и стравот од одговорност ги направи заложници на криминалот