По получасовниот марш низ улиците на Битола на граѓанскиот парламент се обрати секретарот на СДСМ Андреј Петров.
Не верував кога моие колеги зборуваа дека има волку народ во Битола на протестите, мислев дека претеруваат, ама сум се излажал. Битола е најсилна, овој караван на отпорот покажува дека сме се повеќе, сите кои мислеа дека ова ќе трае 5 дена се излажаа, ова трае речиси 50 дена.
Сакам да споменам двајца кои многу сакаат да зборуваат за Битола, едниот е Груевски, вториот е Талески, кој е градоначалник 8 години и вчера се осмели да каже дека битолчани научиле како да прават деца, поголем срам за Битола не сум слушнал, време е овој проект да го испратиме каде што му е место… во театар. Груевски објаснува како немало да има парламентарни избори и како СДСМ ќе одел во историјата. Тоа се нарекуваат халуцинации, а тоа го потврдува Битола.