ВИДЕО: Пензионерите со примања под 15 илјади денари ќе добијат домашни платежни картички

Од:

Пензионерите со најмали пензии, невработените лица и самохраните родители ќе добијат домашни платежни картички кои се предвидени со четвртиот сет економски мерки кои ги најави претседателот на Владата, Оливер Спасовски, на денешната прес конференција.

Тој во своето излагање се осврна на работата на преодната Влада во минатите девет месеци.

„Преодната Влада во заминување во овој скоро деветмесечен мандат успешно одговори на специфичните предизвици и направи пат за новата Влада која со полн мандат ќе продолжи да ги води државата и граѓаните напред“, рече Спасовски.

Тој одговарајќи на новинарско прашање, изјави дека од моментот на доаѓање на министер од опозицијата во МВР, таму се случувале многу чудни работи.

„Не би сакал да зборувам предвремено, од моментот кога Парламентот ќе ја изгласа Владата, ќе видам што е направено во овој период од девет месеци“, најави Спасовски.

Тој ја повика опозицијата да се реформира и да се вклучи во промените кои и носат добро на граѓаните и државата.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Спасовски: Ако не се покачи минималната плата, Македонија ќе остане без своите работници

(ВИДЕО) Спасовски: Со минимална плата од 600 евра ја штитиме егзистенцијата на граѓаните, прифатете го Законот

(ВИДЕО) Манасиевски: Трагедијата со автобусот на „Беса Транс“ можеби ќе беше спречена ако Спасовски реагираше на време

Кривична пријава за Оливер Спасовски за станицата во Сарај каде технички преглед правеле автобусите на „Беса транс“

Катерина Ѓуровски

Спасовски: Игнорирањето е најлош можен пристап кон семејствата на загинатите

Спасовски: Без трошка емпатија, ВМРО-ДПМНЕ гласаше против Анкетна комисија за Кочани

А1он