(ВИДЕО) Павле Богоевски и Ивана Туфегџиќ: Имаме план младите да бидат сами свои газди

Од:

„Владеењето на ДПМНЕ и ДУИ резултираше со тоа Република Македонија да биде рекордер во Европа по стапката на младинска невработеност, со огромни 54 % невработени млади и со десетици ако не и стотици илјади иселени млади. Видете, причината за иселувањето на Македонија, не е невозвратената љубов, причината е беспреспективноста, ниските плати, високата невработеност и енормната криминализација и партизација на секој дел од нашето општество. Пазарот на трудот и јавната администрација се користат само како срества за постигнување и одржување на политичка моќ.

Образовниот систем се креира врз основа на партиските и идеолошките приоритети на ДПМНЕ и ДУИ а не врз основа на реалните потреби на пазарот на трудот. И државата и владата, упорно продолжуваат да се фалат пред странските инвеститори со нашата евтина работна сила а и помошта која што ја даваат за малите претпријатија од 3000 евра не е доволно, а и доколку ги добијат парите тие пари ќе бидат потрошени во првиот месец по енормно високите давачки и огромните казни“, изјави Павле Богоевски, кандидат за пратеник од СДСМ и кооалицијата во ИЕ 1.

„Поради причините кој ги наведе Павле, коалицијата за живот во Македонијa има план, план кој предвидува отварање на фирма со само едно евро основачки капитал, 10 илјади евра неповратни средства за бизнис идеи на младите луѓе и поддршка од бизнис центрите, кој ќе бидат отворени по поголемите општини, поддршка која што ќе нуди правна, сметководствена, архивска и сета помош која што им е потребна на младите кој отпочнуваат сами свој бизнис.

Нашата цел е младите да бидат сами свои газди, нашата цел е младите да останат да живеат и да работат во Република Македонија“, рече Ивана Туфегџиќ, кандидат за пратеник од СДСМ и коалицијата во ИЕ 1.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Добивме опомена за тужба од АТС Груп и Шефшет Демировски, нема да се извиниме

Кузеска: Приватна фирма плаќа лобисти во САД за Мицкоски

Катерина Ѓуровски

СДСМ поднесе предлог-закон за финансиска поддршка на земјоделците

(ВИДЕО) Филипче: Мицкоски не е на списокот на државници кои ќе се сретнат со Трамп

А1он

(ВИДЕО) Штерјова: Бизнисот цвета – нова зделка со броила за струја вреден 13.3 милиони евра за српска фирма

А1он

Тренчевска: Една милијарда евра е зголемена дупката во ПИОМ