(ВИДЕО) Осудена во „Диригент“: Судот ме стави во затвор и ми зеде сè за 20 илјади евра пратени по брза пошта

Од:

Сузана Димовска, осудена за перење пари во случајот „Диригент“ во 2010 година, на денешната презентација на извештајот „Под лупа“, изјави дека пресудата за неа за перење пари била донесена за прием на пратка од поранешниот сопруг за сума од 20 илјади евра, која ја добивала 5 години. „Пресудата ми беше 2 години затвор да лежам зашто сум ги земала тие пари и плус да ми се одземе целокупиот имот што го имам и поседувам“. „За 20 илјади евра ми одзедоа куќа, деловен простор, сите возила, дома што имав 500-600 евра, сè ми одзедоа“. Дали е тоа можно и правилно, ги праша присутните Димовска.

Во Извештајот „Под лупа“ кој анализираше 12 пресуди меѓу кои за случаите: „Детонатор“, „Фаланга“, „Музеи на Македонија“, „Охис“, пишува дека биле направени сериозни пропусти при водењето на кривичната постапка. Судот нецелосно ги утврдил околностите за определување мерка притвор, јавните обвинители немаат јасна претстава за криминалитетот што е предмет на обвинението, третманот „банда“ или „создавач“ е нецелосен и несоодветен, постојат пресуди со очигледни повреди на Кривичниот законик на штета на осудените лица, се води строга казнена политика, во која не се води сметка за личноста на обвинетиот.

Автори на пуликацијата „Под лупа“ се универзитетските професори Слаѓана Тасева и Љупчо Арнаудовски, екссудијката во Врховниот суд, Милка Ристова и Георги Настевски.

В. Маглешов

Би можело да ве интересира

Зубин Мехта: Патот на еден од највлијателните диригенти во светот

Австриски диригент колабирал на концерт и починал

Почина диригентот Џејмс Левин

(ВИДЕО) Јанкуловска: Голем удар врз наркомафијата

Ана Ололовска

Се апсат лица дел од Франкфурт мафија

Ана Ололовска

Шест лица приведени за перење пари во продолжение на акцијата „Диригент“

Емир Латифовиќ