ВИДЕО: Орце Ѓорѓиевски е кандидат на ВМРО-ДПМНЕ за градоначалник на Скопје

Од:

Актуелниот градоначалник на Кисела Вода, Орце Ѓорѓиевски е кандидат на владеачката ВМРО-ДПМНЕ за градоначалник на Скопје, соопшти денеска претседателто на партијата Христијан Мицкоски. Оваа одлука заедно со потврдата на кандидатите за уште неколку општини беше донесена на состанок на Извшниот комитет.

Одлуката за Ѓорѓиевски била донесена затоа што како што рече Мицкоски, видел петпати во однос на кандидатире кои се споменуваат од СДСМ.

– Ги научивме сите лекции за да не погрешиме повторно, Орце е добар рабоник, решава проблеми. Тој треба да го нормализира Скопје и да го врати на скопјани. За Скопје одаѓаат добри денови, рече Мицкоски.

Ѓорѓиевски рече дека нема да го смени однесувањето и да биде салонски политичар.

– Ова е еден од најголемите предизвици во мојот живот, да ја добијам поддршката од мојата партија за градоначланик на Скопје. Моја задача е да го воскреснам Скопје кое е во девастирана состојба. Да се решат сите проблеми со кои градот живее во моментов и да биде пристојно место за живеење.

На денешната седница на Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ утврдени се и кандидатурите за општините Гази Баба, актуелниот Бобан Стефковски, за Карпош Сотир Лукроски, кој доаѓа од приватнот сектор, за Лозово актуелниот градоначаник Бошко Цветкоски, за Пехчево, актуелниот градоначалник Александар Китански, за Ресен актуелниот Јован Тозиоски, за Зрновци исто така актуелниот градоначалник Борче Коцев.

Би можело да ве интересира

Мицкоски: Создаваме средина каде идеите стануваат иновации

СДСМ: Контролирано судство, повеќе од 80 дена без одговор за криминалните тендери

Мицкоски: Македонскиот народ ја бранел вратата на Европа со векови, но никогаш не коленичел

А1он

СДСМ: Му се извинуваме на Орце Ѓорѓевски што му ја отворивме најболната тема

Сопругата на Орце Ѓорѓиевски: Какви 30 илјади долари, чантата е купена на попуст од 944 денари

Катерина Ѓуровски

Ѓорѓиевски: Наследивме целосен колапс на градот, влеговме директно во срцето на проблемот

А1он