(ВИДЕО) Дел од адвокатите во „Пулс“ се жалат: Обвинителството прави грешки, се однесува несериозно и го забавува процесот

Од:

Адвокатите на обвинетите во случајот со кочанската дискотека „Пулс“ имаа бројни забелешки на Обвинителството за кое велат дека се однесува несериозно во случајот. Тие забележаа на промени во интегрираното обвинение кое обвинетите воопшто не го добиле. Реагираат и на неуредноста на листата на докази.

Поради недоставеното интегрирано обвинение, судијката Диана Груевска Илиевска го откажа утрешното рочиште за да има време обвинетите да го добијат обвинението, по што следната недела треба да има изјаснување за вина.

Адвокатот Звонко Давидовиќ, бранител на еден од обвинетите, реагираше на начинот на кој е доставена изменетата верзија на обвинението. Тој посочи дека Обвинителството направило сериозни пропусти со кои, наместо да ја забрза, ја одолговлекува постапката.

– Во јавноста често се повторува дека адвокатите се тие што сакаат да развлекуваат. Денеска се покажа спротивното — Обвинителството е тоа што прави грешки и го успорува процесот, вели Давидовиќ.

Тој објасни дека најголемиот проблем е недоставувањето на интегрираната, изменета верзија на обвинението, за која тврди дека содржи нови и проширени временски елементи во однос на првичниот документ. Според него, ниту обвинетите, ниту нивните адвокати ја добиле оваа верзија.

Адвокатот Петре Шилегов предупреди дека грешките на Обвинителството во текот на постапката може сериозно да го загрозат судскиот процес и да резултираат со успешни жалби.

По денешното рочиште, Шилегов изјави дека судот мора прецизно да се произнесе по приговорите на одбраната, бидејќи станува збор за суштински, а не формални прашања.

„Клучно е дали ќе бидат почитувани начелата на правичен процес во понатамошниот тек на судењето. Во спротивно, целиот предмет може да биде предмет на успешна жалба,“ рече тој.

Шилегов потсети дека и на претходното рочиште одбраната укажала на истите пропусти, но Обвинителството повторно не постапило со, како што посочи, потребната сериозност.

„Таквиот пристап е несоодветен — пред судот, пред семејствата на жртвите, пред одбраната и пред самите обвинети,“ истакна адвокатот.

Тој додаде дека ваквото постапување го нарушува основниот принцип на правдата — виновните да бидат санкционирани, а невините ослободени.

„Со вакво постапување, Обвинителството го ограничува просторот правдата навистина да се оствари,“ порача Шилегов.

Во текот на рочиштето, судијката Груевска Илиевска посочи дека сите адвокати го добиле обвинението, на што Шилегов одговори дека не е работата на адвокатите да бидат судска достава.

Судењето продолжува на 2. декември.

Би можело да ве интересира

Сведок во процесот „Пулс“: Не барам сожалување, барам да ја признаете вината, нашите деца не починаа од природна смрт

Судење „Пулс“: Мајка на загинатиот 24-годишен Андреј вели „Кристијан до ден денеска има кошмари и ја преживува таа вечер“

Горан Наумовски

Во ќелијата на „Газда Деко“ е пронајден мобилен, судијката само го опомена сопственикот на дискотеката „Пулс“

Горан Наумовски

Судење „Пулс“: Сведокот Николов тврди – видов дим и се слушаа чудни звуци, тогаш сфатив дека е нешто сериозно

Судење „Пулс“: Обвинетиот Нацев тврди дека е таргет на разни неосновани и политизирани клевети и навреди

ВИДЕО: Гневни сме затоа што сите виновни не се во постапката, нема обвиненија за полицајците, порачаа родителите на жртвите од „Пулс“

Катерина Ѓуровски