ВИДЕО: Новоизбраниот претседател на Владата Димитар Ковачевски ги презеде функцијата и кабинетот од досегашниот премиер Зоран Заев

Од:

Новоизбраниот претседател на Владата Димитар Ковачевски денеска ги презеде функцијата и кабинетот од досегашниот премиер Зоран Заев, информираат од владиниот кабинет.

Премиерот во заминување Зоран Заев на претседателот на Владата на Република Северна Македонија Димитар Ковачевски, нему и на министрите им посака успех во работата и исполнување на програмата и приоритетите на новата Влада за наредниот период.

Претседателот на Владата Димитар Ковачевски му се заблагодари на неговиот претходник Зоран Заев за исклучително позитивните остварувања во претходните два мандати и за поддршката во процесот на формирањето на новата Влада.

Би можело да ве интересира

Владата ја продолжи кризна состојба за нафта и нафтени деривати до 20 октомври

ВМРО-ДПМНЕ: Владата инвестира 5,4 милиони евра во нови работни места

Собранието ја изгласа реконструкцијата на Владата – избрани осум нови министри

ВМРО-ДПМНЕ: Владата ќе продолжи со поддршка на домашната економија

(ВИДЕО) До 1 јули новиот владин состав пред пратениците, најави Мицкоски

Левица: Владиниот Закон за судска служба е враќање на судството 20 години наназад