(ВИДЕО) Новинарите на МПМ под големи притисоци, добиваат закани дека ќе бидат отпуштени

Од:

Ако не ја послушаат управата на Медиа принт Македонија, новинарите и медиумските работници од Утрински, Вест, Дневник и другите изданиеја можат да добијат откази. Откако вчера новинарите излегоа пред зградата на МПМ, протестирајќи против намалувањето на платите, попладнето им биле поделени нови договори за вработените со намалени плати.

Синдикатот на новинарите и медиумските работници денеска поднесува реакција до МПМ во која наведува кои постапки се прекршени при носењето на оваа одлука на управата на МПМ.

– Политичките и бизнис елити во земјава , правдата и правосудството ги третираат како самопослуга и ги земаат деловите што само нив им одговараат. Во конкретниот случај, работодавачот може да намали палти, но само доколку претходно донесе програма за намалување на тешкотиите и таа треба да е консултирана, усогласена и одобрена од Синдикатот. Ние немавме можност да се видиме со менаџментот на МПМ, од 26 јуни испраќаме официјални барања, но за тоа немаме никаков одговор. Дполнително, одлуката за времено намалување плати подразбира и обврска на работодавачот, по изминувањето на тој рок да ги надомести средствата што се намалени, тоа никаде не се споменува. Наспроти тоа работодавачот уште вчера, пред истекот на работното време, усно ги принудуваше вработените на потпишување на догорот и анекс, за кој знаеме дека по истекот на законските рокови може да следи отказ, рече Тамара Чаусидис, претседатрелка на ССНМ.

Таа додаде дека од исходот на новинарите кон моќните бизнис и политички елити кон кршењето на човековите и работните права ќе зависи и како понатаму тие ќе се однесуваат и во други медиуми.

Поради притисоците, денеска на протестот излегоа помалку новинари, само четвроица од „Дневник“, а не беа присутни ниту главните уредници на редакциите. Двајца адвокати Наталија Миленкова и Димитар Петровски, им ги објаснуваа законските права на вработените и како да постапат со договорите кои управата на МПМ бара да ги потпишат.

А.Б.

Би можело да ве интересира

Керим: Достапен сум за сите, па и за СЈО

Ана Ололовска

Керим и Станисављева недостапни за СЈО

Ана Ололовска

(ВИДЕО) Керим по распитот во СЈО: Ќe кажеме се кога ќе дојде време

Ана Ололовска

Срѓан Керим пристигна на распит во СЈО

Ана Ололовска

Јана Станисављева пристигна на распит во СЈО

Ана Ололовска

Срѓан Керим и Јана Станисављева на распит во СЈО

Ана Ололовска