ВИДЕО: Новата претседателка Сиљановска Давкова се заколна на Македонија без „Северна“

Од:

Новата претседателка, Гордана Сиљановска Давкова даде свечена заклетва со Собранието и ја презеде должноста.

Сиљановска при давањето на заклетвата не го користеше уставното име „Република Северна Македонија“ туку употребуваше Македонија, што е потврда на нејзините претходни ставови.

-Ќе бидам претседателка и на левата и на десната страна. Ќе бидам претседателка на сите граѓани нема да правам разлика ниту по етничка ниту по верска ниту по полова ниту по било каква разлика, рече новата претседателка Сиљановска Давкова. Време е за единство и за тоа ќе им се обратам на жените. Бидејќи ние покажуваме дека не се грижиме само за себе туку и за сите околу нас, посочи Сиљановска во обраќањето кое беше посветено на улогата на жените во политиката и која треба да биде многу поголема.

Гордана Сиљановска Давкова е првата жена претседател на Македонија.

Видео од заклетвата и говорот на Давкова во Собранието.

Би можело да ве интересира

Милановиќ: Скопје не треба да биде жртва на принуда и изнудување за членството во ЕУ

Катерина Ѓуровски

Сиљановска-Давкова го пречека хрватскиот претседател Зоран Милановиќ

Сиљановска Давкова: Македонскиот јазик има повеќе говорители во дијаспората отколку во татковината

Сиљановска Давкова имаше работен ручек со амбасадорите на земјите – членки на ЕУ

Во Охрид одржана Централната свеченост по повод одбележувањето на 18 Август – Денот на Армијата

Грчки медиуми: Сиљановска вели дека се однесуваат одговорно кон Договорот од Преспа, се сомнева дали истото важи и за Грција