(ВИДЕО) Николовски: Одговорност за оние коишто ги краделе парите од земјоделците

Од:

Членот на Извршниот одбор на СДСМ и дополнителен заменик министер за земјоделство, Љупчо Николовски, заедно со претседателот на Комисијата за здравство на СДСМ, Гоце Чакаровски денеска беа помеѓу жителите на Битола, Поешево, Долно Оризари и Цапари.

Дождот не ги спречи граѓаните. Сакаат да зборуваат за проблемите што ги мачат и се надеваат дека работите брзо ќе се променат. Очекуваат промени на фер избори, соопштуваат од СДСМ.

– Груевски никаде го нема да ни објасни што се случи со млекарата. Дојдоа, си земаа пари и си заминаа. Не излажаа и за млекарата и за Битолско поле. Ни наплаќаа огромни суми пари, демек за наводнување, а подоцна не оставија на цедило. Не добивме ниту земјиште а субвенции немаме земено за цели години. На секој чекор само лаги од оваа власт. Мора да се смени нешто. Вакви беа сведоштвата на жителите на овој регион.

-Знаеме колку е тешка состојбата поради негрижата на оваа власт во заминување. Секој ден откриваме нови и нови злоупотреби. Парите, наместо кај вистинските земјоделци завршувале кај луѓе блиски до фамилијата. Ги охрабруваме сите граѓани кои се соочуваат со вакви проблеми да ги достават до министерството. Никој не смее да си поигрува со маката на вистинските земјоделци. Секој којшто се огрешил пред законот мора да одговара, возврати Николовски.

Тој презентираше и дел од мерките во програмата на СДСМ.

-Веднаш по смена на власта ќе извршиме ревизија на земјоделското земјиште. Субвенциите ќе ги зголемиме на 160 милиони евра. Дополнително, СДСМ ќе ги намали трошоците на земјоделското производство, ќе обезбеди поевтини вештачки ѓубрива а ќе ја воведе и зелената нафта. Државата ќе овозможи пласман на земјоделските продукти по достоинствени откупни цени. Програмата на СДСМ е победничка и носи решенија коишто ке го подобрат животот на граѓаните, на земјоделците, посочи Николовски.

Промените ќе се случат на фер и демократски избори. Слободните медиуми и прочистувањето на избирачкиот список се клучните услови што треба да се исполнат за фер, слободни и демократски избори.

-Хаосот во избирачкиот список покажа дека Груевски и ВМРО-ДПМНЕ ги краделе не само парите од граѓаните туку го краделе и слободниот глас, го краделе правото на граѓаните слободно да одлучуваат. Хаосот со списокот мора да се расчисти и сите оние коишто учествувале во изборен криминал да одговараат согласно законот, рече Николовски.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Скопјани се гушат, ќе побара ли Мицкоски одговорност од Претседателот на Управниот одбор на „Дрисла“ и негов советник?

ВМРО-ДПМНЕ: Шукова повторно продава исти лаги за Вардариште, во 2020 лажеше со Заев сега како кандидат лаже со Филипче

Предраг Петровиќ

ВМРО-ДПМНЕ: Државата оди напред, граѓаните живеат подобро

Горан Наумовски

СДСМ ги објави кандидатите за градоначалници за Шуто Оризари, Илинден, Кочани и Долнени

Скопјани се трујат од отровен чад и канцерогени честички поради горење на депониите Дрисла и Вардариште, велат од СДСМ

Левица: Скандалозниот тендер на Јанушев од еден милион евра заврши кај поранешен советник на СДС во Струмица