Денеска ќе продолжиме околу скандалот за странското сомнително советување на СДС и на Стево Пендаровски од страна на контроверзниот странски консултант Асаф Исеин. Имено овие денови излегувам со сознанија кои се поврзани со неговата спорна улога во македонските избори парламентарни и претседателски. Изминативе денови Стево Пендаровски призна дека се среќавал со Асаф Исеин и кажа дека тоа го направил како состанок со лице ангажирано од страна на СДСМ. Во исто време претседателот на СДСМ, Димитар Ковачевски демантира дека има таква работа. Но, фактите го говорат токму спротивното. Имено во последните дваесеттина дена повеќе од 10 дена ова лице Асаф Исеин е присутно во Скопје и е често виден гостин во седиштето на СДСМ. Па, се поставува прашањето дали можеби е заинтересиран за македонско државјанство по кое би се зачленил во СДСМ затоа што верува во нивната програма или вистината е можеби она што го кажува Стево Пендаровски, а тоа е дека е ангажиран од страна на СДС, изјави Александар Николоски, потпретседател на ВМРО-ДПМНЕ.
– Имајќи предвид дека имаме сериозни сознанија дека е ангажиран од страна на СДС очигледно е дека Пендаровски и Ковачевски се фатени на дело како и едниот и другиот лажат за ангажманот на ова лице. Прашањето кое до денес не го одговорија е кој ќе го плаќа ова лице и зошто договорот со него не е евидентиран од страна на СДС како што прават политичките партии обично кога ангажираат странски консултанти. Колку чини неговиот ангажман и дали можеби тој е платен од страна на некои надворешни држави и странски држави кои би сакале да се вмешаат во изборите во Македонија и дали знаат дека со ова прават тешко кривично дело доколку е така или можеби го плаќаат дома, од домашни извори но не преку сметка туку можеби оди плаќањето во кеш што е исто така тешко кривично дело.
Второто прашање кое што се наметнува е која е неговата улога овде и што точно треба да прави, и трето да поставам еве ново прашање и да фрлам нова ракавица, дали е вистина или не дека ова лице има локална поддршка од страна на најмалку една маркетинг агенција која спроведува анкети и една пиар агенција која снима спотови и дали главното седиште на оваа екипа која му помага пред се во делот на снимање на видео спотови кои масовно се споделуваат овие денови се со црна кампања за ВМРО-ДПМНЕ дали седиштето на овие лица кои ги снимаат спотовите е во еден хотел на кејот на „Вардар“ и каква е нивната улога? Така што еве фрлена ракавица со ново прашање која сакаме дополнително да се разоткрие улогата на ова лице – рече Николоски.
Потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ одговарајќи на новинарско прашање го потврди Ѓорѓија Сајкоски за носител на ВМРО-ДПМНЕ во петтата Изборна единица.
„Во однос на носител во петтата Изборна единица можам да го потврдам Ѓорѓија Сајкоски генералниот секретар на партијата ВМРО-ДПМНЕ за носител во петтата Изборна единица. Сметам дека имаме одлично решение, тој долги години беше еден од најуспешните претседатели на Општински комитети во ВМРО-ДПМНЕ, го водеше Општинскиот комитет во Кичево кој секогаш постигнува фантастични резултати за ВМРО-ДПМНЕ. Како генерален секретар е дел од оваа нова приказна на ВМРО-ДПМНЕ која ќе значи убедлива победа на претседателските и парламентарни избори. Така што во петка одиме со Сајкоски“, истакна Николоски.
Потпретседателот Николоски истакна дека промоцијата на пратеници согласно законските правила, најпрво треба да ги достават листите до ДИК, да бидат прифатени, а потоа секако ќе има промоција, а во недела ќе има промоција на програмата.