Вечерва сме во посета на преубавото место Николиќ на брегот на Дојранското езеро, место коешто ја има најубавата плажа на Дојранското Eзеро, разговаравме со жителите за три крупни работи коишто треба да ги решиме тука. Прво и најбитно е правилно снабдување со електрична енергија, имајќи предвид дека Николиќ се шири, расте со многу нови куќи, многу нови викендици, потребно е овој проблем да се реши и ќе разговараме со сите соодветни институции, изјави изјава на Александар Николоски, потпретседател на ВМРО-ДПМНЕ.
– Второто е изградба на патека којашто ќе е осветлена соодветно со канделабри, којашто ќе е туристичка атракција, којашто ќе води од Николиќ до плажата на Николиќ и трето е уредување на плажата којашто ќе добие концесионер којшто ќе има обврска убаво да ја уреди и да стане една нова туристичка атракција.
Исто така разговаравме за изградба на културен дом кој што ќе можат жителите тука да го поминуваат слободното време, а разговаравме и за претшколското згрижување односно за градинката и како на полесен начин родителите да можат да ги носат своите деца.
Убеден сум дека Илија ќе е новиот градоначалник на Дојран и дека заеднички ќе можеме да ги решаваме сите овие работи, а Владата стои позади него за решавање на сите овие проекти за кои зборувавме, рече тој.
